
Двократниот олимписки шампион во биатлон Сергеј Чепиков почина на 59-годишна возраст, објави руската Федерација во биатлон.
Причината за смртта, засега, не е позната во јавноста.
Чепиков освои златни медали на Зимските олимписки игри во 1988 година во Калгари во штафетата 4×7,5 километри и во спринтот на Игрите во Лилехамер во 1994 година.
Во својата кариера, рускиот биатлонец освои уште три сребрени и еден бронзен олимписки медал, додека се закити со златниот медал на светските првенства во 1989 и 2006 година.
Во 1988 година на Чепиков му беше врачено признание заслужен спортист на поранешниот Советски сојуз.
Чепиков од 2016 година беше пратеник во руската дума.

Македонски


