Skip to main content

Во Мичурин и Стар Аеродром ќе се вози еднонасочно, ќе се прават и 415 нови паркинг места и нови патеки за велосипеди

Општина Аеродром отпочна со изработка на проект со кој ќе се воведе нов сообраќаен режим во населбите Мичурин и Аеродром, а конкретно ќе ги зафати улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“, информира градоначалникот Дејан Митески на социјалните мрежи.

Според новиот проект, овие две улици ќе станат еднонасочни, а со тоа ќе се ослободи простор за велосипедски патеки, како и за нови паркинг-места.

Со новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителен простор за паркирање и за велосипедскиот сообраќај“, вели градоначалникот.

Според Митески, со воведување на еднонасочниот сообраќај и на новиот режим, во Стар Аеродром се предвидуваат приближно 200, а во Мичурин 215 нови паркинг-места.

Со воведувањето ваков сообраќаен режим, просторот се збогатува со нови содржини и подобро се распределува меѓу различните учесници во сообраќајот – возачи, велосипедисти и пешаци. Целта е да се создаде поорганизиран, пофункционален и побезбеден сообраќај, со повеќе можности за паркирање и подобри услови за велосипедскиот сообраќај“, нагласи градоначалникот.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetfanatikbetstarzbetcasibomjojobet