Skip to main content

Брера Струмица со победа во Андора стартуваше во младинската Лига на шампиони

 Фудбалерите на Брера Струмица со победа стартуваа во квалификациите во младинската Лига на шампиони, совладувајќи го на гостински терен првакот на Андора, Санта Колома, со 3-0 (0-0).

Македонскиот шампион доминираше од самиот почеток на натпреварот, а отпорот на противникот го скрши во вториот дел.

Бучков во два гола, во 57. и 80. минута ја навести победа на Брера, а триумфот го запечати Кулески во 87 минута.

Реваншот е на програмата на 14 октомври во Струмица.

Со овој триумф, Брера е на чекор да испише историја и да стане првиот македонски клуб што ќе игра во втората квалификациска рунда во младионската Лига на шампиони, во која ќе има многу посилен ротивник во германски Хофенхајм. 

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetfanatikbetstarzbetcasibomjojobet