Skip to main content

Со меѓународен археолошки тим продолжуваат истражувањата на Стакина Чешма во Валандово

Општина Валандово

На локалитетот Стакина Чешма кај Валандово во тек се годинашните археолошки истражувања, кои, според информациите од локалните власти, се реализираат со учество на меѓународен тим стручни археолози.


Во истражувањата се вклучени археолози од Универзитетот „Никола Коперник“ од Торун, Полска, заедно со стручни екипи од Националниот археолошки музеј на Македонија и Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица“.

Годинашната кампања е насочена кон дополнително истражување на локалитетот и делумна конзервација на археолошките структури, со цел нивно подобро проучување, заштита и зачувување за идните генерации, велат општинските власти.


Оттаму најавуваат дека во текот на следната недела, едукатори од Археолошкиот музеј ќе организираат едукативна работилница за изработка и запознавање со мозаиците, наменета за учениците од основните училишта во Општина Валандово.

Работилницата ќе им овозможи на учениците на интересен и практичен начин да се запознаат со дел од археолошкото наследство на својот крај. 

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetfanatikbetstarzbetcasibomjojobet