
Новиот селектор на француската фудбалска репрезентација, Зинедин Зидан, ќе има 26 луѓе во својот поширок штаб, објави Фудбалската федерација на Франција (ФФФ).
Во јули, ФФФ објави дека француската фудбалска легенда и поранешен тренер на Реал Мадрид ќе ја преземе селекторската должност.
Давид Бетони и Хамиду Мсаиди ќе бидат помошници, Фабиен Бартез ќе биде тренер на голманите, додека Артур Хошеде ќе биде кондициски тренер.
Во тимот на Зидан ќе има и видео аналитичар, советник за стратегија и перформанси, лекари, физиотерапевти, остеопати, агент за обезбедување, офицер за врска со Министерството за внатрешни работи, како и менаџер за логистика и безбедност.
Зидан на селекторската клупа доаѓа на местото на Дидие Дешан, кој ја предводеше француската репрезентација од 2012 година, освојувајќи ја светската титула (2018) и Лигата на нации, а беше вицешампион на Мундијалот во 2022 и на Европското првенство во 2016.
Зидан и неговиот персонал ќе дебитираат во Лигата на нации, со првиот натпревар во Турција на 25 септември.

Македонски


