
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше многу кратко по пресудите во Хаг. Објави фотографија со еден збор – „Marre“, односно „Срамота“.
Поранешниот косовски премиер и поранешен командант на ОВК, Рамуш Харадинај, исто така ја нарече пресудата неправедна и неприфатлива, но ги повика граѓаните да останат смирени и рече дека правната битка треба да продолжи во жалбената постапка.
„Ако го уништуваме Косово, им помагаме на непријателите“, рече Харадинај, повикувајќи ги граѓаните да не оштетуваат имот или да не ги загрозуваат луѓето.

Македонски


