Skip to main content

Млад фудбалер со македонски корени блесна на „Илинден куп“ – шампионски трофеј за екипата од Германија

Илинден куп

Од 11 до 13 август во Скопје се одржа 4. Интернационален фудбалски турнир „Илинден куп“, на кој учествуваа голем број квалитетни екипи, меѓу кои Црвена Звезда, Партизан и Динамо, ФК Војводина, Аланија…

Екипата од Германија SpVg Hagen 11 го освои 1. место во генерацијата 2016, во конкуренција на дури 48 екипи! Во составот настапи и Дарио Величковски, млад фудбалер со македонско потекло, кој го носеше дресот со број 22. Во полуфиналето против Црвена Звезда беше 1:1, а по пенали SpVg Hagen 11 обезбеди пласман во финалето. Таму со 1:0 против Александро ја освои шампионската титула.

фото: Илинден куп

Во двете клучни игри Дарио, кој игра на позиција во одбраната, дозволи да биде примен само еден гол, додека останатите ситуации успешно ги одбрани. Со својата сигурна игра придонесе тимот да стигне до шампионската титула.

фото: Илинден куп

За да остане во форма во текот на летото, Дарио дополнително тренираше во Академијата Гроздановски, каде што продолжи со напорна работа и подготовка.

Голем успех за SpVg Hagen 11 и прекрасно спортско искуство за младиот Дарио во Македонија!

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobet