Skip to main content

Падна во дупка прославувајќи гол, со ВАР му го поништија

Неверојатна сцена го одбележа натпреварот од бразилското првенство меѓу Коритиба и Шапекоенсе, откако фудбалерот на домашниот тим Јаси Марањао Оливеира по постигнатиот погодок скокна преку рекламните панели за да го прослави голот и буквално пропадна во отворена дупка – тунелот кој води кон гостинската соблекувална

Потоа следеше и вториот шок, кога по проверката во ВАР-системот погодокот бил поништен поради офсајд.

Иако продолжи да игра во првото полувреме, во вториот дел било проценето дека 29-годишникот не може да продолжи, па бил заменет поради повредата.

Поврзани вести