Skip to main content

Фондот од збирката Ориенталистика на НУБ на Саемот во Абу Даби предизвика интерес – го посети и Хуан Карлос I

Фондот од збирката Ориенталистика на НУБ предизвика огромен интерес на 35. Меѓународен Саем на книгата во Абу Даби каде Македонија е почесен гостин и партнер. На национачниот штанд кој на Македонија и го подари организаторот на саемот и кој во иднина ќе биде во сопственост на Министерството за култура и туризам , го посетија поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос I, заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати н.е. Шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, Претседателот на Центарот за јазици на ОАЕ, Директорот на Центарот за јазици на ОАЕ, Министерот за високо образование и бројни заинтересирани посетители кои внимателно и љубопитно ги слушаа приказните за историјатот на изложените ракописи кои ги презентираше ориенталистот од НУБ, Маријана Кавчиќ.

„Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција. На националниот штанд се изложени оригинални ракописи од збирката „Ориенталистика“ на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, меѓу кои ракописи постари од 600 години, артефакти од националното културно богатство од Археолошкиот музеј на Република Македонија, како и изданија од современата македонска литература и преводи од арапски на македонски јазик.

Програмата на саемот опфаќа книжевни и културни разговори, панел-дискусии, уметнички настапи и презентации на традиционалната култура, со цел на посетителите од арапскиот и меѓународниот свет да им се доближат литературата, јазичната и културната разновидност и уметничкото наследство на Балканот.

Новиот државен секретар за култура и туризам, Беса Ода Муртеза ја предводеше делегацијата на Министерството за култура во Персискиот залив. На фотографиите од Абу Даби, многу претставници на Министерството, државни функционери и службени лица. Но, нема информации за македонските писатели, поети, издавачи и нивната конкретна презентација.

Поврзани вести

giyim