
Во тетовската полиција татко го пријавил синот за исчезнат. Тој од неделата не можел да стапи во контакт со него, а последниот период неговиот син бил изложен на притисоци и закани од неколку лица што ги познавал.
Како што соопштуваат од тетовската полиција, вчера во 10:00 часот во СВР Тетово, Б.А.(56) од с.Горно Палчиште пријавил дека изминатите денови неколку лица кои ги познава вршеле притисок и со закани барале исплата на поголема сума на пари и возила од неговиот син Д.А., во врска со договор за деловен простор во Тетово.
Според пријавеното, по упатените закани, од 13.09.2026 неговиот син е недостапен и не може да стапи во контакт
со него. Известен е Јавен обвинител од ОЈО Тетово и се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на лицето, велат од СВР Тетово.

Македонски


