
Екипата на Рома останува на првата позиција во Серија А откако во четвртото коло ја постигна четвртата победа, а до триумф стигна и учесникот во Лигата на шампионите Комо. Рома постигна победа од 2:0 на гостувањето кај Торино, додека Комо ја победи Парма со 2:1 како домаќин.
Головите за победата на Рома ги постигнаа Даниел Мален во 40.минута и Николо Писили во 90+3 минута. Комо поведе во дуелот со Парма со голот на Џакобо Рамон во 23.минута, а победата беше обезбедена со голот на Каики во 83.минута. Почесниот гол за Парма го постигна Давид Ромеро во 90+2.минута.
Рома е лидер со 12 бода, пред Комо и Лацио со 10, додека Интер со натпревар помалку има 9 бодови

Македонски


