Skip to main content

Вака изгледа домот на Јастремска по рускиот напад: Преживеа само пешкирот од Ролан Гарос

Познатата украинска тенисерка Дијана Јастремска го загуби семејниот стан во Одеса по руски ракетен напад, а снимките од уништениот дом ја шокираа јавноста.

Ракетниот напад се случил ноќта помеѓу 11 и 12 септември.

Според неа, зградата била директно погодена од крстосувачка ракета „Калибр“. Украинските медиуми известуваат дека горните катови на повеќекатната зграда биле тешко оштетени, додека последиците од ударот се видливи и во околните делови од зградата.

„Ова беше нашиот семеен дом“


Заедно со објавените снимки, Јастремска го опиша обемот на трагедијата и рече дека токму овој стан му припаѓал на нејзиното семејство.

Особено трогателен детаљ е она што, според нејзината објава, останало по ударот.

Само пешкирот од Ролан Гарос го преживеал уништувањето на станот. Фотографиите од тој пешкир меѓу остатоците од домот го обиколија светот.

Поврзани вести