
Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти.Оваа Влада води политика за иднината.Во изминатата седмица, бевме сведоци на реализација на крупни капитални проекти, напиша на Фејсбук вицепремиерот Александар Николоски.
– нова когенеративна централа
– изградба на најголемиот ветерен парк
– реконструиран аеродром Св. Апостол Павле

И тоа не се само градби, тоа се инвестиции во иднината, во нови работни места, во енергетска сигурност, во поврзаност и во конкурентна економија.Градежништвото вeќе 18-ти месец расте по ред и тоа е јасен доказ дека капиталните проекти ја движат државата напред.Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации.

Македонски

