Skip to main content

Зверев го срушија емоциите: Мајко, ова е за тебе

Саша Зверев го освои вториот трофеј од Гренд слем, откако го победи Бен Шелтон со 6:3, 7:6 (7:2), 5:7, 6:2 во финалето на Отвореното првенство на САД.

По натпреварот, тој емотивно зборуваше за своето семејство и му се заблагодари на тимот, со порака дека секоја титула е семејна приказна.


Тој ја издвои својата мајка Ирина, која беше покрај него кога лекарите му кажаа дека има дијабетес и дека можеби нема да може да спортува на врвно ниво.

Не му беше лесно кога зборува за сето тоа. Воздивна, а потоа продолжи со својот говор.

„Кога на вашиот четиригодишен син ќе му биде дијагностициран дијабетес и кога лекарите ќе кажат дека животот и спортот ќе бидат ограничени. Потребна е силна мајка која ќе ја напушти лекарската ординација и ќе каже дека нејзиниот син ќе биде она што го сака во животот. Ако сака да биде тенисер, ќе биде и таа болест нема да нè дефинира. Среќен сум што работевме, се пробивавме и ги правиме работите што ги правиме сега. Мајка ми е најважната и најсилната личност што ја познавам. Нема многу луѓе кои можат да го направат она што го направи таа“, рече тој. Зверев доби аплауз од полн стадион.

Поврзани вести