Skip to main content

Уапсени две лица – полицијата им најде дрога

Freepik

На 12.09.2028 година во 22.45 часот, на улица „27 април“ во Струга, лишени од слобода се Д.Т.(44) и М.Б.(47), двајцата од Струга.

Од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга при преглед кај Д.Т. пронајдоа и одзедоа опаковка со кафеава прашкаста материја додека при преглед извршен по судска наредба во домот на М.Б. пронајдена и одземена била алуминиумска фолија со кафеава прашкаста материја и метална дигитална вага.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави

Поврзани вести