Skip to main content

Саудиска Арабија го нападна аеродромот во Мока

Саудиска Арабија изврши два воздушни напади врз аеродромот во јеменскиот град Мока, кој од вчера е под контрола на бунтовниците Хути.

Саудискиот непријател изврши два напади врз аеродромот во Мока, јави телевизијата Ал Масира, која е поврзана со јеменските бунтовници.

Хутите вчера го зазедоа пристанишниот град Мока, лоциран северно од теснината Баб ал-Мандаб, што од почетокот на војната во Иран се користи како алтернативна трговска рута на блокираната Ормуска Теснина. Баб ал-Мандаб е од посебно значење за Саудиска Арабија, клучен сојузник на САД во регионот.

Хутите веќе контролираат клучни транспортни центри во областа. Со заземањето на Мока, сојузниците на Иран, Хутите, би можеле посистематски да го нападнат и блокираат бродскиот сообраќај во Црвеното Море.(МИА)

Поврзани вести