Skip to main content

Песков: Литванија би можела да биде цел на рускиот нуклеарен арсенал, ако распореди западно нуклеарно оружје

Printscreen

Кремљ ја предупреди Литванија дека нејзината територија би можела да биде цел на руски нуклеарен напад арсенал доколку Вилнус прифати распоредување на западно нуклеарно оружје на литванска територија.

Доколку нуклеарно оружје биде распоредено на оваа територија насочено кон нас, тогаш и територијата на оваа земја ќе биде под нишанот на нашето нуклеарно оружје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно оваа година, Литванија соопшти дека планира да ја отстрани од Уставот забраната за распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија до крајот на годината. Но, и покрај најавите за укинување на забраната, Вилнус постојано нагласува дека нема планови за распоредување нуклеарно оружје во Литванија.(МИА)

Поврзани вести