Skip to main content

„Гореше“ во Истанбул, Фенербахче и Рома одиграа нерешено

Првите два дуела од вечерашната програма од првото коло од фудбалската Лига на шампионите завршија без победник и со ист резултат – 1:1. Во Истанбул Фенербахче одигра нерешено со Рома. Гостите поведоа со голот на Брајан Кристанте во 39.минута, додека на почетокот на вториот дел домашната екипа изедначи преку Арчи Браун во 48.минута.

Во Ајндховен исто така поведоа гостите преку Глеикер Мендоза во 45+1 минута, а ПСВ изедначи во 48.минута преку Серџино Дест.

Во вечерниот термин се играат дуелите: Баерн – Бодо/Глимт, Комо – Лајпциг, Манчестер Јунајтед – Сабах и Славија Прага – Ленс. Со денешните натпревари ќе бидат комплетирани сите натпревари од првото коло од Лигата на шампионите

Поврзани вести