
По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35
години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува
искрени честитки до сите граѓани на Македонија.
Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот
ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и
независна држава.
Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска.
Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да
создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и
еднаква можност за успех.
Македонија е наша татковина.
Независноста е наше наследство.
Иднината е наша заедничка обврска.
Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и
европска Македонија.
Честит 8-ми Септември!
Честити 35 години независна Македонија!

Македонски



