Skip to main content

Пет нови возила за Куманово, наскоро и електрични автобуси, најави Николоски

Фејсбук профил на Александар Николоски

Куманово доби пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена низ градот, донација од Владата за поддршка на општината. За брзо време ќе се донираат и новите електрични автобуси, соопшти денеска во Куманово заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Тој денеска изврши примопредавање на возилата на градоналачникот на Куманово, Максим Димитриевски.

фото: Фејсбук профил на Александар Николоски

Министерството за транспорт во соработка со Светска банка направи една поголема набавка на комунални возила, односно најголема којашто општините ја виделе како директна донација во изминатиот период. Дел од таа набавка и дел од таа донација доаѓа во Општина Куманово. Не затоа што сум тука, но после Скопје најмногу возила добива токму Општина Куманово и мислам дека е така правилно, затоа што се работи за најголемата општина на територија на државата-ијзави Николоски.

Куманово доби две мултифункционални возила за одржување на хигиена со соодветен механизам еден камион-прскалка, наменет за поисти улици и за носење вода во различни состојби и две метлачки, наменети за тротоари, плоштади. Заменик претседателот додаде дека Владата продолжува со поддршката за општина Куманово, која што во изминатиот период беше интензивна. Тој најави пристигнување на електричните автобуси за Куманово.

Фото: Фејбук профил на Александар Николоски

-Знаете дека имавме два повици за поддршка на општините. Во првиот повик се обезбедени околу 242 милиони денари, во вториот повик около 328. Дополнително на тоа, преку буџетот на Министерството за транспорт имаме некаде околу 1 милион евра кои што се инвестираат во изградба на мост, инвестираме во изградба на капела, како и во изградба на локални улици во проект со Светска банка и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период. Би сакал да најавам исто така дека во следниот период ќе пристигнат и електричните автобуси во Куманово, така што се обидуваме да помогнеме секаде наму каде што можеме-рече Николоски.

Градоначалникот на Општина Куманово, Димитриевски, се заблагодари до министерот за транспорт Александар Николоски и ресорното Mинистерство за донацијата од пет возила, со оценка дека тие значително ќе ги зголемат капацитетите на ЈП „Чистота и зеленило“.

Фото: Фејсбук профил на Александар Николоски

Во мое лично име и во име на директорот на јавното претпријатие сакам да им се извинам на сите граѓани, особено на оние од приградските населби, поради нередовното сервисирање на сметот. Причина се зачестените дефекти и техничките проблеми со возилата кои ги имаме на располагање-рече Димитриевски.

Тој очекува проблемот да биде надминат до крајот на годината. Димитриевски потенцираше дека донацијата е дел од пошироката соработка меѓу Општина Куманово и централната власт и информираше дека општината аплицирала на повеќе повици во Владата и Министерството за транспорт, за кои, како што рече, добила позитивни одговори.

Во моментов се имплементира проектот за реконструкција на градската капела, а најавена е и изградба на мост на Крива Река кај селото Довезeнце, како и реализација на други инфраструктурни проекти, вклучително и изградба на улици-информираше кумановскиот градоначалник.

Тој оцени дека соработката со централната власт е одлична, посочувајќи дека Куманово по подолг период добива конкретна поддршка преку државни средства и донации.

Во минатото имало скромна помош, но често централните власти се однесувале кон едни како мајка, кон други како маќеа. Сега тоа не е случај. Средствата рамномерно се распределуваат по глава на жител и секоја општина добива поддршка-рече Димитриевски.

Фејсбук профил на Александар Николоски

Тој најави дека соработката со Министерството за транспорт ќе продолжи, вклучително и во делот на јавниот превоз. Општина Куманово, како што информираше Димитриевски, наскоро ќе распише нов јавен повик за избор на приватен партнер за организирање на јавниот превоз во градот, кој опфаќа повеќе од 28 линии.

Верувам дека овојпат Куманово доби малку повеќе од тоа што го бараше- рече Димитриевски.

Тој апелираше општините редовно да аплицираат на повиците на Владата и министерствата, посочувајќи дека со поднесување конкретни барања може да се обезбеди поддршка и реализација на проекти од значење за граѓаните.

МИА

Поврзани вести