Skip to main content

Задутре почнува одбојкарското европско првенство, навиваме за Македонија

 Четворица дебитанти се во составот на македонската машка одбојкарска репрезентација која селекторот Јошко Миленкоски ќе ја предводи на претстојното Европско првенство.

Техничарот Давид Стојанов, коректорот Кристијан Илијев, средниот блокер Михајло Мирасчиев, како и либерото Филип Јованов се играчите кои за првпат ќе настапат на еден континентален собир во националниот дрес.

Македонската репрезентација претпладнево со автобус патува за Софија, каде од 9 до 16 септември ќе се соочи со домаќинот Бугарија, актуелниот европски првак Полска, Украина, Португалија и Израел во рамките од групата Б.

Избраниците на Миленкоски во првиот натпревар на отворањето на Европското првенство ќе играат против Бугарија, која заедно со Италија, Финска и Романија се домаќини на континенталниот турнир

Поврзани вести