Skip to main content

Утре ќе биде отворен реконструираниот дел на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид

Во вторник, на 8 септември 2026 година ќе биде отворен реконструираниот дел на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид.

Според најавите, на отворањето ќе присуствуваат и претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, Александар Николоски, заменик претседател на Владата и министер за транспорт и Серкан Каптан, извршен директор на ТАВ Аеродроми.

Периодов наназад, аеродромот во Охрид беше подложен на најобемната реконструкција во последните децении. Операторот ТАВ Македонија инвестира 2,7 милиони евра во проектот за реконструкција и проширување, за кој се очекува да го зголеми оперативниот капацитет на терминалот за помеѓу 30% и 40%. Просторот за пријавување се проширува од шест на осум шалтери и се обезбедува дополнителен простор за безбедносна проверка, порти за заминување и преземање багаж. Административната зграда, исто така, се проширува од 290 на 746 квадратни метри, што овозможува преместување на канцелариите што моментално се наоѓаат во терминалот и ослободување на дополнителен простор за ракување со патници. Се очекува работите да бидат завршени до крајот на летото.

Поврзани вести