Skip to main content

Ѓорѓи Ризески во Азербејџан ја режира првата сценска адаптација на „Кум“

Македонскиот театарски режисер Ѓорги Ризески во Азербејџан ја режира првата сценска постановка на култниот филм „Кум“. Сценската адаптација е напишана од познатиот косовски режисер и сценарист Бесим Угзмајли а продуцирана од Зија Аѓа во White Roof Studio.

Кога ќе ù се наежи кожата, публиката знае што е современ театар“ – вели режисерот Ризески
Познати азербејџански театарски актери ќе играат во сценската продукција на „Кум“, најголемото мафијашко дело на сите времиња во палатата Хејдар Алијев во Баку. Премиерата е закажана за 19 ноември.

Ризески претходно оваа година со истата продукција ја работеше „Ана Каренина“ а со истата продукција ја постави и „Портретот на Доријан Греј“.

Поврзани вести