
Вчера во 11:25 часот во СВР Охрид e пријавено дека при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Македонски



