Skip to main content

Стружанка си ги оставила децата в автомобил додека таа била на работа

Вчера во ОВР Струга е извршен службен разговор со В.С.(40) од струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син, соопштија од МВР.

Околу полноќ вечерва, пак, во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа.

По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул.„Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат. Децата се предадени на таткото В.С., соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани вести