Skip to main content

Николоски: Се обновува Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоси, информира дека се обновува Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија. Николоски истакнув дека оддршката од Владата за Гевгелија продолжува за нови проекти.

Во Гевгелија пуштена е во употреба Старата чаршија. Издадени се вкупно 27 одобренија за реконструкција на 27 објекти коишто навистина прекрасно изгледаат“, вели Николоски.

Во Гевгелија дополнително се инвестираат околу 165 милиони денари преку буџетот во различни проекти, дел се завршени, дел се во тек.

Тука се трите големи проекти кои што се веќе завршени и кои што ги реализиравме во селата Моин, Прдејци и Богородица.

Понатаму, завршувањето на западниот булевар „Св. Климент Охридски“, тука е реконструкцијата на улицата „Железничка“, реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, „Гевгелиски партизански одреди до железничката станица, како и улицата „Новопланирана“.

Ќе продолжиме да работиме и во следниот период, да ја поддржуваме општината и заеднички со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и градоначалникот, Андон Сарамандов, да правиме уште убави работи за Гевгелија“, порачува Николоски.

Поврзани вести