
Поради постојаните руски напади со беспилотни летала, украинските пратеници донесоа одлука да ги прселат работните простории во подрум.
Врховната рада на Украина почна со опремување на просториите и ходниците во подрумот на зградата на парламентот на улицата Михајло Хрушевски број 5 во Киев со цел континуирано да одржува седници во услови на континуирани воздушни напади, објавуваат медиумите.

Причината за таквата одлука се континуираните напади со беспилотни летала и ракети врз регионот на Киев, кои траат практично секојдневно од 27 август.

Сепак, планираните простории не се во можност да ги сместат сите учесници на седниците, што веќе предизвикува протести од парламентарните фракции. Од истата причина, администрацијата во Киев ги префрла училиштата во главниот град во подземен режим на работа.


Македонски



