Skip to main content

На 8 септември ќе биде отворен граничниот премин меѓу Македонија и Србија кај селата Огут и Калово

По повод 8 Септември, Денот на независноста, ќе биде отворен привремен граничен премин меѓу селата Огут, Крива Паланка, Република Македонија и Калово, Трговиште, Република Србија.

Општина Крива Паланка  ги известува граѓаните дека по повод 8 Септември – Денот на независноста, на 8 септември 2026 година во село Огут ќе се одржи традиционалниот народен собир и заедничко чествување на празникот. По тој повод, предвидено е отворање на привремен граничен премин меѓу селата Огут, Општина Крива Паланка, Република Македонија и Калово, Општина Трговиште, Република Србија. Привремениот граничен премин ќе биде во функција на 8 септември 2026 година, во периодот од 9 до 23 часот и 30 минути, со овозможено пешачко движење на граѓаните преку државната граница кај граничен камен 12 во селото Огут. Отворањето на преминот е во рамки на традиционалното заедничко чествување и овозможува средба и празнично дружење на жителите од двете страни на границата“, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Оттаму ги покануваат граѓаните да бидат дел од традиционалниот народен собир и заедничкото одбележување на празникот.

Поврзани вести