
Бруто-домашниот производ во второто тримесечје од годинава порасна за 4.3 % во однос на истиот период од 2025 година, објави државниот завод за статистика.
Во второто тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21.9 % и од 5.1 % во секторите Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.
Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за 7.0 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83.2 %.
Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2026 година номинално растат за 14.5 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2026 година, во однос на второто тримесечје од 2025 година, е 4.0 %.

Македонски


