Skip to main content

Утринава активни се пожарите кај Визбегово и во Маврово и Ростуше кај Голем Брдаш

ДЗС

Центар за управување со кризи информира дека на ден 03.09.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, 3 се под контрола, а 22 пожари се изгаснати.

Активни пожари:
Општина Маврово и Ростуше: м.в. Голем Брдаш (шума);
Општина Шуто Оризари: Визбегово, позади хотелот „New Star“ (депонија).

Пожари под контрола:
Општина Зелениково: над с. Палиград – Преслап (мешана шума);
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Струга: с. Пискупштина, с. Буринец и с. Локов (нискостеблеста шума).

Изгаснати пожари:
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани (нискостеблеста шума);
Општина Студеничани: с. Цветово (нискостеблеста шума);
Општина Сарај: с. Горна Арнакија (нискостеблеста шума);
Општина Ресен: м.в. Макази, кај с. Подмочани (ниска вегетација и шума);
Општина Ново Село: с. Ново Село (депонија);
Општина Радовиш: с. Ораовица (ниска вегетација и канадски тополи);
Општина Велес: м.в. Поток (депонија);
Општина Чашка: с. Теово (ниска вегетација);
Општина Демир Капија: кај мостот на автопатот (бали со сено);
Општина Македонски Брод: с. Битово и с. Заград (папрат и ниска вегетација);
Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец (борова шума);
Општина Македонски Брод: с. Тажево (борова шума);
Општина Штип: помеѓу с. Селце, с. Пухче, с. Степанци и с. Лакавица (шумски пожар);
Општина Чешиново-Облешево: помеѓу с. Облешево и с. Теранци (ниска вегетација);
Општина Делчево: Градска депонија Острец (депонија);
Општина Делчево: с. Бигла (стар даб);
Општина Пехчево: с. Робово (плевна);
Општина Куманово: м.в. Рајкова Куќа (ниска вегетација);
Општина Липково: с. Виштица (ниска вегетација);
Општина Старо Нагоричане: с. Старо Нагоричане (ниска вегетација и бандера);
Општина Теарце: с. Пршовце (грмушки);
Општина Боговиње: кај „Нептун Петрол“ (ниска вегетација).

Поврзани вести