Skip to main content

Поранешната десна рака на Солана ќе го олеснува дијалогот меѓу Србија и Косово

Амбасадорите на Европската унија (ЕУ) денеска потврдија дека дипломатот од Данска, Петер Соренсен, ќе биде специјален претставник на блокот за олеснување на дијалогот меѓу Косово и Србија.

Соренсен беше избран од високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас да го замени Мирослав Лајчак на таа функција.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе дадат конечно одобрение в понеделник, за Соренсен да може да го започне својот мандат на почетокот на февруари.

Соренсен е поранешен специјален претставник на поранешниот Генерален секретар на НАТО Хавиер Солана кој беше на чело на Алијансата кога Србија беше бомбардирана.