
Државјанин на Канада бил приведен полноќ во центарот на Куманово откако полицијата кај него пронашла археолошки предмет.
Полицајци го затекнале 37-годишниот Ј.А.С. околу 00.30 часот на улицата Доне Божинов. При интервенцијата кај него бил пронајден артефакт, кој полицијата го одзела.
Од СВР Куманово соопштија дека случајот дополнително ќе го документираат. Потоа против Канаѓанецот ќе поднесат соодветна пријава.

Македонски


