
До 07:30 часот, утрово, регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центар за управување со кризи.
Активни се пожарите во Општина Сарај: с. Копаница (ниска вегетација); во општините Гостивар и Македонски Брод: с. Трново (Општина Гостивар) кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод) (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат); во Општина Чашка: над с. Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и смреки) и во Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума).
Пожари под контрола: во Општина Делчево: депонија (ѓубре); во општините Студеничани и Зелениково: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, над с. Вражале и с. Тисовица – Општина Зелениково (мешана шума) и во Општина Пласница: с. Дворци (депонија).
Изгаснати пожари – 24:
Општина Струга 1: с. Франгово (нискостеблеста шума, ниска вегетација);
Општина Струга 2: с. Ливада (ниска вегетација и стрниште);
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (високостеблеста букова шума);
Општина Неготино: помеѓу Неготино и Кавадарци (ниска вегетација);
Општина Струмица 1: с. Куклиш (депонија);
Општина Струмица 2: с. Свидовица (ниска вегетација и грмушки);
Општина Демир Хисар: с. Кутретино (депонија);
Општина Прилеп 1: над Касарната во Прилеп (ниска вегетација);
Општина Прилеп 2: с. Дабник (ниска вегетација и ѓубриште);
Општина Тетово: Православните Гробишта под Калето (средна мешана шума со багрем и костен);
Општина Брвеница 1: с. Стрмница и с. Челопек (ниска вегетација);
Општина Брвеница 2: с. Горна Лешница (ниска вегетација);
Општина Куманово: населба Перо Чичо (ниска вегетација);
Општина Крива Паланка: с. Муждовњак (ниска вегетација и багрем);
Општина Гостивар 1: с. Куново (ниска вегетација);
Општина Гостивар 2: с. Дебреште (ниска вегетација);
Општина Петровец: с. Долно Коњаре (ниска вегетација);
Општина Градско: с. Подлес (ниска вегетација);
Општина Босилово: с. Старо Балдовци (ниска вегетација и трска);
Општина Прилеп: с. Црнилиште (депонија);
Општина Прилеп 2: с. Веселчани (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Арнакија (нискостеблеста шума);
Општина Струга: Езерски Лозја (ниска вегетација);
Општина Кавадарци: Градска депонија „Мелци“ (депонија).

Македонски


