Skip to main content

Во 18 часот е ждрепката за ЛШ, еве ги шеширите

Со одигрувањето на последните реванш натпревари од плејофот на Лигата на шампионите на УЕФА станаа познати сите учесници во групната фаза.

Ждрепката за главната фаза ќе ги вклучи 29 екипи кои добија директен влез и седумте победници во плејофот. Сите учесници се поделени во четири шешири. 

Сите 36 клуба формираат една лига. Секој ќе игра осум натпревари против противници одредени во ждрепката (четири дома, четири на гости).

Шешир 1: ПСЖ, Баерн, Реал Мадрид, Ливерпул, Интер, Манчестер сити, Арсенал, Барселона, Атлетико Мадрид.

Шешир 2: Борусија Дортмунд, Рома, Спортинг, Астонв, Порто, Манчестер јунајтед, Клуб Бриж, Бетис, ПСВ.

Шешир 3: Феенорд, Лил, Наполи, РБ Лајпциг, Виљареал, Шахтјор Донецк, Галатасарај, Боде/Глимт, Фенербахче.

Шешир 4: Штутгарт, Комо, Ленс, Сабах, ЛАСК, Славија Прага, АЕК Атина, Викинг, Слован Братислава.

Осумте најдобри екипи ќе се пласираат директно во осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување, додека оние од деветтото до 24-тото место ќе играат во плејофот

Поврзани вести