Skip to main content

Манастирот во Матка се подготвува за празникот Успение на Пресвета Богородица

Во петок православните христијани го одбележуваат еден од најголемите празници денот на Успението на Пресвета Богородица. Одбележувањето на празникот во манастирот кај Матка посветен на Успението на Пресвета Богородица започнува на 27 август со вечерната литургија, а потоа се одржува сеноќно бдение. Утрото на 28 август Божествената литургија по повод празникот започнува во 8:30 часот, а со неа ќе чиноначалствува Митрополит Австралиско-новозеландски Никола.

Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка. Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристап.

Верниците во манастирот почнуваат да пристигнуваат уште на 27 август во попладневните часови, а најбројни се на самиот ден на празникот. Ги има од секаде. Од Скопје и околината, а за локалните жители од Горна и Долна Матка, од Сарај и околината, за ѓорчепетровци…ова е традиција што не смее да се заборави.

Во дворот на манастирот традиционално се одржува и крводарителска акција, а за верниците се подготвува и манастирски ручек.

Она што е новина годинава, е што по повод Успението на Пресвета Богородица (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка.

Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка. Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот.

МИА

Поврзани вести