
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските Игри во Таранто.
Денеска во финалната програма на натпреварите во борење слободен стил во женска конкуренција, бронзен медал за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ.
Таа во малото финале во категоријата до 57 килограми славеше над Милица Петровиќ од Србија со 7:5 и успеа да го освои бронзениот медал.

Македонски


