Skip to main content

Слушачка промоција на албумот FOLTIN LIVE утре во Битола, на 29 август голем концерт на Хераклеа

Следното аудиофилско слушање го закажуваме во Битола, на 26 август, во новиот продажен салон на Божиновски часовници и накит – Галерија Божиновски, каде FOLTIN LIVE ќе добие уште една можност да биде слушнат онака како што е замислен – внимателно, гласно и со време посветено само на музиката, велат од групата.

Во меѓувреме, календарот полека се приближува до 29 август и Хераклеа каде ќе се случи големото јубилејно собирање – концертот со кој Фолтин ќе одбележи 30 години од својот прв концерт и ќе го затвори Битфест 2026.До тогаш нè чекаат уште неколку средби, неколку нови приказни и, како што доликува на Фолтин, неколку изненадувања.Следете нè.29 август 2026 | Хераклеа | БитолаБилетите за големиот јубилеен концерт се достапни преку МК Тикетс и ТобакоБрадерс Битола. Триесет години подоцна, приказната сè уште се пишува.

Поврзани вести