Skip to main content

Ѓорческа поразена уште на стартот на УС Опен

 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите за пласман на главниот турнир на УС опен, откако вечерва загуби во воведното коло од Јапонката Маи Хонтама со 2-0 во сетови (7- 6, 6-3).

Во првиот сет двете тенисери имаа по три брејк гема, а Јапонката Хонтама беше во постојано водство. По 2:0 и 4:1 во гемови за јапонската тенисерка Ѓорческа успеа да израмни на 5:5, но во тај-брејкот противничката поведе со 6:0 во поени и поведе со 1-0 во сетови.

Во вториот сет, Хонтама повторно поведе со 2:0 во гемови, а откако Ѓорческа израмни на 3:3, јапонската тенисерка направи два брејка и сетот го доби со 6:3.

За пласманот во квалификациите на грен слем турнирот во Њујорк, македонската тенисерка освои два поени и заработи 32.000 долари

Поврзани вести