Skip to main content

Кузмановски: Покажавме како се игра за Македонија – изгинавме еден за друг!

Facebook/Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница

Македонската ракометна репрезентација одигра еден од најдобрите натпревари во последно време на големите првенства совладувајќи го Катар со убедливи 39-35.

Со оваа победа, избраниците на Кирил Лазаров математички ги сочуваа шансите за пласман во четвртфиналето, но обезбедија пласман во горната половина од учесниците на Мундијалот. Филип Кузмановски, кој постигна шест погодоци и беше еден од главните двигатели на тимот, изрази гордост за тимската игра и пожртвуваноста што ја покажаа сите играчи.

„Ветив пред натпреварот дека одиме на победа и верував во сите соиграчи. Ова е награда за сите наши досегашни настапи, каде што се боревме до последната секунда, но немавме среќа. Денеска покажавме максимална пожртвуваност, горд сум на момците и на емоциите што ги носи оваа победа. Зад нас оставаме едно силно првенство, покажувајќи како се игра за Македонија. Како тим, се боревме еден за друг и докажавме единство – изгинавме еден за друг“, изјави капитенот Кузмановски.

Во главната фаза останува уште еден натпревар за Македонија, во кој ќе се соочи со репрезентацијата на Франција, еден од најсилните противници на турнирот.

Поврзани вести