
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 45-годишен гостиварец поради сомнение дека сторил кривични дела „силување во обид“ и „телесна повреда“.
Според информациите од МВР, на 15 август 2026 година, во семејниот дом, пријавениот ја принудувал на сексуални односи својата 35-годишна сопруга.
Во истиот настан, според пријавеното, тој физички ги нападнал и нивните две малолетни деца.
Против 45-годишниот И.Т. е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонски


