Skip to main content

Пропаднаа трговските преговори меѓу САД и Канада

Трговските разговори меѓу САД и Канада чија цел беше избегнување на воведувањето американски царини од 50 проценти за увоз на канадски производи, пропаднаа во последен момент, јавија северноамериканските медиуми.

Според Канада, работите тргнаалр наопаку кога САД во последен момент побарле значителни измени во трговскио договор.

Промените што САД ги направија во предложените услови во последен момент, беа неправедни и економски неизводливи и покренаа сомнежи за веродостојноста на кој било потенцијален договор“, изјави канадскиот премиер Марк Карни.

Најавените царини за канадскиот увоз во САД од 50 проценти требаше да стапат на оваа недела, но американскиот претседател Доналд Трамп го помести рокот за нивно воведување за неколку дена, со цел да даде шанса за постигнување договор.

Но, по пропаѓањето на преговорите царините, кои ќе достигнат вредност од приближно 28 милијарди долари, стапуваат во сила по автоматизам.

Сега кога американските увозни тарифи стапуваат на сила, Канада ќе одговори. Канадските царини ќе бидат во ист износ“, додаде Карни, најавувајќи и дополнителни мерки за поддршка на канадските работници и бизниси.

Според Карни, станува јасно дека глобалната царинска војна што ја започна Трамп трајно ги променила врските на Канада со САД.

Нашите постоечки договори за слободна трговија веќе ѝ нудат на Канада преференцијален пристап до 1,5 милијарди потрошувачи и ние сме на добар пат да го удвоиме тој пристап до пазарот до крајот на оваа година“, истакна Карни.

Американскиот преговарачки тим, од своја страна, во објава на Икс наведе дека Канада одбила да го финализира трговскиот договор според условите договорени претходно оваа недела.

И покрај понудата на САД до Канада да добие најдобар третман од кој било голем извозник на нашиот пазар, новите барања и отстапувањата од други обврски од страна на Канада го нарушија внимателниот баланс постигнат во изминатите денови“, се вели во изјавата.

Поврзани вести