Венко Филипче најави дека СДСМ во септември ќе презентира мастер-план за развивање на државата.
– Секогаш сме подготвени за предвремени парламентарни избори, и со тим, и со добра програма, и со план, но алиби на Христијан Мицкоски за изборите нема да му дадеме. Тој вели: „Доколку опозицијата бара избори, ние сме подготвени веднаш да одиме на избори“. Се поставува прашањето – зошто не ја слушал опозицијата во други случаи? Зошто, на пример, на сила е укината техничката влада ако му значело мислењето на опозицијата? Зошто на сила сакаат да го донесат Изборниот законик со одредби на кои ние се противиме и имаме реални и објективни забелешки? И сега бара алиби за избори од опозицијата? Не, нема да му дадеме, а предвремени избори ќе има кога Мицкоски и неговата криминална група веќе нема да имаат пари – истакна претседателот на СДСМ

Македонски


