
За модуларната болница во Тетово и официјално остана крив кабелот, а обвинителство не успеа да обвини никого затоа што докази па ниту индиции за сторен криминал не виде никаде, на социјалните мрежи реагира Драган Пешевски.
Штетата и онака не беше ни толку голема, само 14 луѓе живи изгорени во огноНЕотпорни конзерви. Ееееееј не се ни обидоа со обвинение… Да тоа е истото тоа обвинителство кое ревносно за 20 годишни деца пушта обвинение дека се дилери само затоа што се фатени со 6 грама марихуана и бара најстроги казни (без ниеден доказ за продажба).
Одамна тврдам дека имаме паралелен правен систем, еден кој се однесува на богатата бизнис и политичка каста а друг на обичните смртници и ситната боранија…
Ама тоа е, не мочаат од високо а ние упорно се лажеме себеси дека заврнало…“, вели Пешевски.
https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FStariiii%2Fposts%2Fpfbid02kK7DhXFNrSVmbPrPhZXFV7hJedzg499VDw4wuKMoPmprPyi15D3xB7GEFGkdJXBpl&show_text=true&width=500

Македонски


