Skip to main content

Попладнево гори на осум места во државата

ЦУК

Центар за управување со кризи (ЦУК) информираше за состојбата со пожарите на отворен простор до 13:00 часот, при што регистрирани биле вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, а 4 се изгаснати.

Активни пожари – 8:

Општините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација);
Општина Крушево: с. Белушино и с. Јакреново (ниска вегетација и деградирана дабова шума);
Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума);
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки);
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (високостеблеста букова шума);
Општина Велес: с. Караслари (ниска вегетација и грмушки);
Општина Липково: с. Никуштак (ниска вегетација и шума);
Општина Куманово: с. Кучкарево и с. Градиште (ниска вегетација);
Изгаснати пожари – 4:

Општина Радовиш: с. Калугерци (ниска вегетација и контејнер);
Општина Гостивар: кај стадионот во населба Фазанерија (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Неготино: м.в. Ило Виларов (ниска вегетација);
Општина Струга: Ново Село (ниска вегетација).

Поврзани вести