Skip to main content

Бојковска: Македонија се најде на листата во топ 30 земји во светот за сајбер-безбедност

Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го подготвува естонската Академија за е-управување, Македонија е рангирана на 30 место во светот, од вкупно 155. Со 84,17 поени, ова е напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање, кога бевме на 59 место во 2023 година, изјави Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Овој резултат е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен и поорганизиран пристап кон сајбер-безбедноста.

Еден од клучните чекори во тој процес е новата законска рамка.

Со неа, за првпат на јасен начин се определуваат надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во делот на безбедноста на мрежните и информациските системи.

Се воспоставуваат конкретни правила за управување со сајбер-ризиците, се воведува обврска за пријавување на безбедносни инциденти и се поставуваат посилни механизми за заштита на суштинските и важните субјекти.

Ова е важна промена затоа што сајбер-безбедноста повеќе не се третира како прашање што се решава само кога ќе се појави проблем. Градиме систем во кој постојат јасно дефинирани одговорности, правила и механизми за превенција и реакција.

Граѓаните со ова добиваат побезбедни дигитални јавни услуги, подобра заштита на личните податоци и поголема отпорност на инфраструктурата што е од суштинско значење за функционирањето на државата.

Затоа инвестираме во сајбер-безбедноста конкретно и системски со законска рамка, со јасни надлежности и со механизми што треба да дадат долгорочна заштита“, потенцира во изјавата.

Резултатот од Националниот индекс покажува дека сме направиле значаен чекор напред. Ова е потврда дека насоката во која се движи земјата е исправна, но и наша обврска да продолжиме уште посериозно, рече Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Поврзани вести