Skip to main content

Нагло зголемување на бројот на заразени со западнонилска треска во Грција, починале 13 лица

Фрипик

Во последната недела, 47 лица се разболеле од западнонилска треска во Грција, со што вкупниот број на заболени лица достигна 157, објави Грчката Национална здравствена организација (ЕОДИ), додавајќи дека од почетокот на годината починале 13 лица од вирусот.

Најголем број случаи е регистриран во источна Атика.

Починатите лица биле претежно постари од 65 години, а од вкупниот број случаи, 116 се манифестирале со заболувања на централниот нервен систем (енцефалитис или менингитис), пренесува Танјуг.

Поврзани вести