Skip to main content

Бројот на заболени од ебола во Конго надмина 5.000

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина 5.000, објави Институтот за јавно здравје на земјата.

Како што е наведено во најновиот извештај за состојбата, досега се регистрирани 5.021 случаи, вклучувајќи 2.378 со смртен исход.
Во меѓувреме, претставникот на Светската здравствена организација, Тиерно Балде, изјави дека епидемијата на ебола во ДР Конго би можела да се стави под контрола во рок од три месеци доколку се обезбедат потребните ресурси.

СЗО претходно овој месец изјави дека ширењето на еболата би можело да се запре во рок од 90 дена, но оттогаш има знаци на влошување на ситуацијата бидејќи епидемијата се прошири во шеста провинција.

Поврзани вести