Skip to main content

Книгата „Милчо за Манчевски“ е обид да се опфатат многубројните аспекти од животот и работата на еден од нашите најнаградувани и во светски рамки најреномирани македонски филмски автори

Синоќа во Кинотеката на Македонија беше промовирана книгата „Милчо за Манчевски“, приредена од вонр. проф. д-р Атанас Чупоски.

Книгата претставува обид да се опфатат многубројните аспекти од животот и работата на Милчо Манчевски, еден од нашите најнаградувани и во светски рамки најреномирани македонски филмски автори –почнувајќи од деновите на неговата младост поминати во родното Скопје па до денес – раниот интерес за театарот и филмот, студиите на филмска академија во САД, почетоците на филмската кариера, педагошката дејност во Њујорк, односот кон политиката и политичарите итн, пишува приредувачот Чупоски во предговорот на книгата.

За книгата, творештвото и ликот на Манчевски говореа промоторите проф. д-р Славица Србиновска, м-р Татјана Ќурчинска-Пепељугоска и филмскиот критичар Златко Ѓелески, а по промоцијата се одржа проекција на филмот „Прашина“, кој во 2001 година го отвори филмскиот фестивал во Венеција.

Поврзани вести