
Еден од најистакнатите македонски актери, Тони Михајловски, официјално започнува ново поглавје во својата долгогодишна кариера.
Тој е назначен за професор по актерска игра на Универзитетот „Еуропа Прима“ во Скопје, каде што и официјално ќе ја предводи оваа катедра.
Уметникот кој зад себе има десетици улоги на сцената на Македонскиот народен театар и впечатливи филмски остварувања, сега ќе го пренесува своето практично знаење на новите генерации.
Михајловски преку јавно обраќање ги повика младите таленти да бидат дел од неговата нова класа во претстојната академска година.
Катедрата по актерска игра на Универзитетот „Еуропа Прима“ ми е доделена мене. Доколку сакате да бидете дел од новата класа на истата катедра, запишете се и пријавете се на Универзитетот „Еуропа Прима“ во Скопје“, рече Михајловски.
Тони Михајловски е еден од најпознатите македонски актери, со повеќедецениска кариера во театарот, филмот и телевизијата. Зад себе има бројни улоги на сцената на Македонскиот народен театар, како и настапи во домашни и странски филмски и телевизиски продукции. Покрај актерската работа, во јавноста е познат и по своите ставови за општествените и политичките случувања.
Со ова назначување, тој ќе го пренесува своето долгогодишно актерско искуство на новите генерации студенти по актерска игра на Универзитетот „Еуропа Прима“.

Македонски


