
Ова е менито за најбрзата диета во светот која ги чисти цревата и топи килограми.
Постојат различни диети кои гарантираат губење на тежината. Сепак, треба да се напомене дека практикувањето на одредени диети не е здраво, а дека корекција на исхраната со додавање на физичка активност е најздравата опција.
Сепак, за оние кои сакаат инстантно да ослабат или барем да изгледаат послаби во одредена прилика, постои „брза диета“. Имено, брзата диета се практикува еден ден, а најмногу 3.
Ја користеле дамите кои сакале брзо да ослабат за некоја посебна пригода, а трикот е да се јаде храна со малку влакна, кои желудникот брзо ги вари. На овој начин се губат масните клетки, но се намалува и надуеноста, што прави веднаш да изгледаме послаби.
Ова се златните правила:
Јадете помали оброци, но на секои три часа, дури и ако тоа е само една чаша јогурт или млеко.
Не џвакајте гуми за џвакање и не зборувајте додека јадете. Ако пушите, исфрлете ги цигарите тој ден.
Избегнувајте газирани пијалоци, но и кафето со пена, капучино или било што друго што содржи пена!
Држете се строго до менито. Само залак недозволена храна, како што се грицки, парче леб, па дури и грст бадеми или ореви, ќе ги уништи резултатите.
Важно е да пиете многу течности, но не претерувајте, пијте во мали голтки. Течностите вклучуваат вода и кафе.
Мени:
Појадок: малку јогурт, кајгана од две јајца или мала чинија урда.
Ужина: Мала чаша јогурт.
Ручек: Конзерва исцедена туна со младо сирење или 40 грама чаден лосос со малку младо сирење.
Три часа по ручекот: Кафе со млеко.
Вечера: Или една од опциите за ручек или омлет од две јајца со две лажици свежо сирење.
Ужина, само во случај да сте многу гладни, испијте чаша топло млеко.
Ќе ви го „среди“ стомакот и ќе ви помогне да заспиете.

Македонски


